18 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИSociete Generale објави раст на добивката од 20 отсто

Societe Generale објави раст на добивката од 20 отсто

societe generale nova

Францускиот банкарски гигант Societe Generale во четвртокот извести за скок на нето добивката во четвртиот квартал за 2015 отсто што се припишува на добивката произлезена од продажбата на уделот во компанијата за управување со имот Amundi и јакнењето на побарувачката за кредити.

Нето добивката во последниот квартал од минатата година е зголемена за 20 отсто во споредба со истиот период од претходната година, на 656 милиони евра, покажа деловниот извештај на третата најголема француска банка според имот, која во Македонија е присутна преку Охридска банка.

Приходите на банката во ситиот период се намалени за еден отсто, на 6,05 милиони евра.

Societe Generale оствари 147 милиони евра добивка од продажбата на 20-отстотниот удел во Amundi.

Банката ги зголеми вкупните резервации за судски трошоци а 400 милиони евра, на 1,7 милијарди евра, со оглед дека е под истрага на американските власти за наводно кршење на санкциите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП