5 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИПриходите од мобилните апликации ќе надминат 100 милијарди долари

Приходите од мобилните апликации ќе надминат 100 милијарди долари

apsi 353

Приходите од мобилните апликации на глобално ниво се очекува да ја надминат психолошката граница од 100 милијарди долари и да достигнат 101 милијарди долари по пет години, според прогнозите на „App Annie“.

Она што ќе предопредели растот во продажбата се најевтините смартфони кои даваат пристап на повеќе луѓе до бесплатни и платени апликации. Базата на корисници на смартфони и таблети се очекува да се зголеми повеќе од двојно до 6.2 милијарди луѓе во 2020-та година, во однос на 2,6 милијарди во моментов.

Голем дел од растот на корисниците ќе дојде од растечките економии како Индија, Индонезија, Кина, Бразил, Мексико и Турција. Зголемување се очекува да забележат и генерираните приходи на уред – до 16,2 долари во 2020-та година, во споредба со 15,4 долари во моментов.

„Времето што корисниците го поминуваат на смартфоните се зголемува, како и трошоците кои се прават за мобилни апликации“, според Даниел Левитас, потпретседател во „App Annie“.

Апликациите за социјалните мрежи и оние за стриминг на музика и видео, ќе се основа на зголемувањето на висината на приходите. Меѓу оние кои во најголема мера се очекува да имаат корист од трендот, се „Spotify“, „Netflix“, „Tinder“ и кинеската администрација за видео стриминг „iQiyi“. Игрите ќе продолжат да доминираат во однос на најголем удел во платените услуги, макар и да се очекува тој да се намали до 74%, во однос на сегашните 85%.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП