20 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗAteca - првиот кросовер на SEAT (фото+видео)

Ateca – првиот кросовер на SEAT (фото+видео)

acteka 00

„SEAT“ ги објави првите фотографии на својот прв во историјата кросовер. Тој се нарекува „Ateca“ и ќе пристигне на пазарот уште оваа година.

acteka 01

Претходно се шпекулираше дека името на моделот ќе биде „Aran“, но веќе е официјално објавено дека кросоверот се нарекува „SEAT Ateca“. Тој ќе се вклучи во најбрзо растечкиот сегмент на Европа во кој се наоѓаат „Kia Sportage“, „Renault Kadjar“ и „Nissan Qashqai“.

acteka 02

Моделот користи голем дел од техниката на „Leon“, вклучувајќи ја платформата „MQB“ на „VW Group“. Формите се исто така под влијание на хечбекот на шпанската марка, а во компанијата се обложуваат на конвенцијалниот дизајн, познат од останатите нови модели на „SEAT“.

acteka 03

Уште посериозни се сличностите меѓу двата модела во ентериерот. „Leon“ и „Ateca“ се потпираат на аналогни инструменти, апарати и конзола. Кросоверот сепак демонстрира уникатни дезени на вратите, седишта и тапацирот. Освен тоа, кај „Ateca“ е поставена на електрична рачна сопирачка, ново копче за стартување на моторот и селектор за различните режими на возилото.

acteka 04

За погонот на „Ateca“ е избран широк спектар на бензински и дизел мотори. Основен 1,0-литарскиот мотор со три цилиндри и моќност од 110 КЅ, а над него ќе се распоредат 1,4-литарски агрегат со 150 КС и систем за деактивација на два од цилиндрите. Дизел опциите ќе вклучуваат 1.6 „TDI“ со 110 КС и 2.0 „TDI“ со 150 и 184 КС.

acteka 05

Повеќето агрегати ќе се комбинираат со рачна трансмисија со 6 степени, а за најмоќните ќе биде достапен и автоматски менувач со две спојки. Основниот погон е на предните тркала, но за дел од моторите ќе биде достапен и системот за погон на четири тркала „4Drive“.

Јавната премиерот на „SEAT Ateca“ ќе се одржи во Женева во март, а почетокот на продажбата е закажана за втората половина на 2016-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП