9 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИДоларот го сруши профитот на FlyDubai

Доларот го сруши профитот на FlyDubai

gallery-large-01

Нето профитот на нискобуџетната авиoкомпанија „FlyDubai“, во изминататa година изнесуваше 100,7 милиони дирхами (27,4 милиони долари).

Тоа е за 59,7 проценти помалку во однос на 2014 година, а е последица од силниот долар и укинувањето на одделни рути.

Вкупните приходи на авиопревозникот се зголемени за 11 проценти, на 9,4 милијарди дирхами (1,33 милијарди долари), при што бројот на патници пораснал за 25 проценти, на 9,04 милиони, се наведува во соопштението на таа компанија, а пренесува агенцијата Франс прес.

„Профитот на „FlyDubai“ се најде под притисок поради силниот долар и предизвикувачкото опкружување“, се вели во соопштението на оваа компанија, која е во сопственост на Обединетите Арапски Емирати.

Полошите резултати, исто така, се последица на пореметувањата предизвикани со укинувањето на летовите на одделни рути, како што е укинувањето на летовите за дестинациите со конфликти, погодените Ирак и Јемен.

„FlyDubai“ лета на 90 дестинации во светот и располага со флота од 50 авиони на „Boeing“ од типот „737“, наведува Франс прес.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП