2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПриходите на Твитер пораснаа, бројот на корисници стагнира

Приходите на Твитер пораснаа, бројот на корисници стагнира

twitter-120414

Иако приходите на Твитер во изминатото тромесечје скокнаа 48 отсто на годишно ниво, на 710 милиони долари, цената на акциите на оваа социјална мрежа во среда падна бидејќи бројот на корисници стагнира.

Иако во објавениот бизнис извештај во среда, загубата на Твитер е намалена во последниот лански квартал на 90 милиони долари, додека една година претходно изнесуваше 125 милиони долари. Оваа компанија, инаку, никогаш не забележала квартална добивка.

И покрај силниот раст на приходите и намалувањето на загубите, цените на акциите на Твитер на Волстрит паднаа 10 отсто веднаш по објавувањето на резултатот, за подоцна загубата да биде ублажена на отприлика два отсто.

Инвеститорите ги загрижи стагнацијата на бројот на активни месечни корисници на оваа социјална мрежа. Во изминатото тромесечје беа 320 милиони, како и во претходниот квартал. Тоа е првпат во историјата на компанијата бројот на корисници да не порасне на квартално ниво.

Твитер е меѓу најпознатите социјални мрежи во светот, а го користат многу познати политичари, филмски и музички ѕвезди, спортисти, активисти…

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП