5 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИHeineken прогнозира раст на приходите и добивката

Heineken прогнозира раст на приходите и добивката

Heineken355333

Третиот најголем производител на пиво на светот Heineken објави дека очекува во 2016 година поголеми приходи и добивка, а најави и зголемување на дивидендата врз основа на работењето од минатата година.

Според деловниот извештај, Heineken во 2015 година оствари приходи од 20,5 милијарди евра, што е за 6,2 отсто во споредба со претходната година. Нето добивката на групацијата бележи раст од 16 отсто, на 2,048 милијарди евра, што е во рамки на очекувањата на аналитичарите.

Производителот на пивските брендови „Хајнекен“, „Тајгер“ и „Сол“, најави дека зголемување на дивидендите на 1,30 евра по акција, од 1,10 евра по акција исплатена во минатата година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП