18 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИLG G5 ќе е секогаш вклучен!

LG G5 ќе е секогаш вклучен!

neu lg

Непосредно пред официјалното претставување на моделот „LG G5“ на 21-ви февруари, кога ќе биде прикажан и новиот „Samsung Galaxy S7“, од „LG“ продолжуваат да го зголемуваат интересот на корисниците.

На „Facebook“ страницата на компанијата беше ставена реклама, според која новиот паметен телефон ќе има можност екранот му да е секогаш вклучен. Во рекламната порака кон корисниците се вели „Никогаш не заспива, додека другите го прават. „LG G5“ е секогаш вклучен“.

Од рекламата не станува многу јасно дали екранот буквално ќе е секогаш вклучен, или ќе може да се визуелизира пораки и известувања додека е во режим „подготвеност“, слично на другите смартфони.

neu lg1

Во однос на тоа што да очекуваат корисниците од техничките карактеристики на уредот, сепак, работите одамна се јасни. „LG G5“ се очекува да е првиот од серијата со метално куќиште. Тој се очекува да биде со димензии 149.4 x 73.9 x 8.2mm. Екранот ќе е 5.3 инчен со 4К резолуција, новиот процесор „Qualcomm Snapdragon 820“ и 4 GB RAM меморија. Оперативниот систем се очекува да е „Android Marshmallow“, а батеријата со капацитет од 4.000 mAh.

Камерата на „LG“ се очекува да е со два сензора – 16 мегапиксели и 8 мегапиксели, кои ќе овозможуваат зафаќање на многу повеќе детали. Таа најверојатно ќе биде со ласерски автофокус и двоен „LED“ блиц.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП