Компанијата „Bentley“ е уште производител кој ќе се насочи кон развој на возило од сегментот на купе-кросовер. Ова го соопшти генералниот директор на британскиот производител Волфганг Дурхајмер.
Во моментов раководството на компанијата очекува „зелено светло“ од шефовите на концернот „Volkswagen“ чија сопственост е „Bentley“. Се предвидува моделот да се појави во следниве 3 години, а ќе претставува комбинација меѓу кросоверот на брендот „Bentayga“ и спортскиот концепт „EXP 10 Speed 6“ прикажан пред една година во Женева.
Покрај платформата на „Bentayga“ новиот модел ќе ги користи и неговите агрегати. Предвидено е дури моторот W12 со два турбополначи и волумен од 6,0 литри на теренецот да добие поголема моќ од сегашните 608 КС и 900 Нм.
Во компанијата подготват и уште една новина во чија основа ќе биде повторно концепт „EXP 10 Speed 6“. Ова ќе е ново купе, кое ќе се распореди во палетата на брендот под „Continental GT“. Тоа сепак ќе се појави подоцна. Прво ќе излезе новата генерација на „Continental GT“, која ќе ја користи платформата на идниот „Porsche Panamera“.
А најблиската премиера на модел на „Bentley“ е планирана уште за автосаемот во Женева на почетокот на март. Таму ќе го видиме обновениот предводник на брендот „Mulsanne“, кој ќе се нуди и со зголемено меѓуоскино растојание. Подоцна оваа година ќе се појави и кабриолет верзијата на истиот модел.