25 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрафик на денот: Кои земји одвојуваат најмногу средства за одбрана?

График на денот: Кои земји одвојуваат најмногу средства за одбрана?

vojnik 3002

Дали свет во кој 50% од воените трошоци се на товар на само 5% од населението, би бил чуден, прашува „VisualCapitalist“.

Понекогаш вистината се покажува како почудна од фикцијата.

Секоја година Владата на САД троши износ еднаков на 3300 долари на секој вработен граѓанин, за воениот буџет. Вкупната сума за трошоци за одбрана достигнува 610 милијарди долари, што претставува половина од средствата распределени за воена активност на глобално ниво.

Со 216 милијарди долари годишно од буџетот, Кина во овој поглед е на второто место. Но за да се формира износ кој барем малку се доближува до трошоците на САД, треба да бидат обединети воените буџети на Кина, Русија, Саудиска Арабија, Индија, Јапонија, Велика Британија и Франција.

Гледано од друга страна, големината на годишните трошоци за одбрана, распределени меѓу вработените граѓани во САД е поголем од приходот по глава на жител во 70 земји, вклучувајќи ги Мароко, Нигерија, Никарагва, Индија и Украина.

Тоа значи дека ако некако народот на Никарагва биде оданочуван со 100% данок и сите приходи одат за одбрана, износот ќе претставува само 1,8% од воените трошоци на САД.

vojnik 300355

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП