18 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПоединечни ефекти го намалија профитот на UniCredit

Поединечни ефекти го намалија профитот на UniCredit

unicredit-banca-324

Италијанската банка „UniCredit“ објави дека нејзиниот профит за четвртиот квартал е намален поради поединечни ефекти поврзани со реструктуирањето на доверителот и дела во однос на трошоците за помагање на четири италијански банки, пишува „Bloomberg“.

Нето добивката е намалена до 153 милиони евра од 170 милиони евра во претходната година, соопшти банката со седиште во Милано. Профитот сепак е многу над просечната оценка на аналитичарите анкетирани од „Bloomberg“, кои очекуваа загуба од околу 77 милиони евра. Профитот е поддржан од даночни олеснувања за 640 милиони евра за споменатиот период. Годишната добивка на „UniCredit“ за 2015-та година изнесува 1,7 милијарди евра.

„UniCredit“ намали работни места со цел да се намали ризикот и се ослободи од нестратегиските средства, за да ја зголеми профитабилноста и да го зголеми капиталот, бидејќи рекордно ниските каматни стапки ги притискаат маргините. Главниот извршен директор Федерико Гицони кој го одобри новиот стратешки план во ноември, фокусирајќи се на намалувањето на трошоците и поедноставувањето, е под притисок од некои инвеститори за уште подлабоко реструктуирање.

„Не се сите вести добри во однос на основната профитабилност“, вели Бенџи Крилан Сандфорд, аналитичар во „Nomura“ со неутрален рејтинг на акциите. Резервите се повисоки од очекуваното, а провизиите се разочарувачки, коментира тој.

Цената на акциите се намали за 5,7% до 2,83 евра за готово, пред тие да бидат запрени од трговија во Милано, што ја прави пазарната капитализација на банката на околу 16,9 милијарди евра. „UniCredit“ забележува опаѓање на цената на акциите од 45% во оваа година во однос на намалувањето од 27% на „Euro STOXX Banks Index“.

Банката одвои 173 милиони евра за исплата на спасувачки план за четири локални банки, објавен во ноември. Таа ги зема предвид и трошоците за 214 милиони евра поврзани со планот за реконструкција и за продажба на нејзиниот оддел во Украина.

Доверителот издвои 1,22 милијарди евра за покривање на загуби од кредити во кварталот од 1,7 милијарди евра за истиот период од претходната година.

Вкупните приходи остануваат речиси без промена на годишна база, искачувајќи се на 5,59 милијарди евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП