3 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗУште побрз семеен автомобил на Ferrari (фото+видео)

Уште побрз семеен автомобил на Ferrari (фото+видео)

lusso ff

„Ferrari“ претстави супер автомобил со 4 седишта под името „GTC 4 Lusso“. Тој го заменува досегашниот модел „FF“, а се очекува официјално да биде претставен пред публиката на автосаемот во Женева во март.

lusso ff4

Името на новото возило претставува комбинација од имињата на неколку класични модели на „Ferrari“ – „330 GTC“, „330 GT“ и „250 GT Berlinetta Lusso“. Сите тие биле меѓу омилените машини на Енцо Ферари, а четворката во називот покажува дека „GTC4 Lusso“ располага со систем за погон на сите четири тркала.

lusso ff5

Машината е опремена со модернизиран 6,3-литарски V12 атмосферски мотор, чија моќност е зголемена од 660 на 680 КС. Максималниот вртежен момент достигнува 697 Nm при 5750 врт/мин.

Суперавтомобилот нуди забрзување од 0 до 100 km/h за 3,4 секунди, што е за 0,3 секунди побрзо од сегашното „Ferrari FF“. Максималната брзина останува иста – 335 км/ч. Тежината на „GTC4 Lusso“ е 1790 килограми, а е распределена меѓу двете оски во сооднос 47:53 во корист на задната.

lusso ff6

Моделот има и нов мултимедијален интерфејс со 10,25-инчен екран на допир и поддржува поврзување со „Apple CarPlay“. Достапен е и нов волан, од кој може да се менуваат режимите на работа на електронските системи.

lusso ff2

Од „Ferrari“ сепак се уште не објавија која ќе биде цената на новото возило, а само за споредба, моделот „FF“ чини од 300.000 долари.

lusso ff3

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП