17 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНовото Porsche Panamera ќе се нуди и како караван

Новото Porsche Panamera ќе се нуди и како караван

karavan porshe

„Porsche“ ќе понуди уште една верзија на новата генерација на „Panamera“. Тоа е караван чии тестови се во финалната фаза, објави „Motor1“ кој презентираше слики на прототип на моделот.

Повеќе практичната модификација се тестира истовремено со стандардниот модел. Нејзината појава не е изненадувачка, бидејќи уште во 2012-та година „Porsche“ покажа концептот на караван „Panamera Sports Tourismo“, чие излегување во сериска варијанта беше прашање на време.

Главните разлики меѓу караванот и стандардниот модел се во долгиот и рамен покрив, како и во задниот дел. Ентериерот ќе биде опипливо простран, а багажникот ќе нуди значителен обем, покажува информацијата.

karavan porshe1

Технички двете машини сепак ќе бидат идентични во основата им ќе биде платформата „MSB“, благодарение на која ќе биде симната дел од тежината на возилото. Погонот на идната „Panamera“ е доверен на целосно нова палета „V6“ и „V8“ мотори.

Предвидено е и излегувањето на хибридна верзија – „Panamera S E-Hybrid“, во чиј погонски агрегат влегуваат бензински „V6“ мотор, електромотор и комплет литиум-јонски батерии. Само на електрична енергија оваа модификација ќе може да поминува околу 38 километри.

Премиерата на стандардната верзија на „Panamera“ ќе се одржи за време на автосалонот во Женева на почетокот на март. Очекувањата се караванот да дебитира малку подоцна.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП