26 јуни, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАSamsung направи нови мемориски картички

Samsung направи нови мемориски картички

samsuns-memorijske3

Мемориските картички сега се користат во речиси сите уреди – фотоапарати, таблет-компјутери, паметните телефони, аудио и видео плеерите. Компанијата „Samsung“ објави дека направиле нови модели кои нудат пренос на податоци со голема брзина, голем капацитет и безбедност на податоците. Се базираат на технологија 4-proof која ги прави отпорни на вода, магнет, екстремни температури и ренгенски зраци.

„Samsung SD“ и „microSD“ мемориските картички од новата генерација на производи се во три категории: „Standard“, „Plus“ и „Pro“ кои ќе одговараат на стандардните корисници и на професионалците. Се произведуваат во опсегот на капацитет од 4 до 64GB или може да соберат 1875 фотографии во 4GB или до 30.000 фотографии во 64GB. Картичките од сериите „Plus“ и „PRO“ користат „NAND“ модули со врвен квалитет кои го поддржуваат „UHS-I“. Таа обезбедува брзина до 70MB/s за читање и 20MB/s за пишување на податоци. Тоа е двапати побрзо од стандардната картичка и е одлична да работи на врвни паметни телефони и таблет-компјутери.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП