17 мај, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 09.02.2016

Дневен хороскоп 09.02.2016

zodiak

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

Конечно пристигнуваат резултати од работите кои ги обавувате веќе некое време. Доколку имате љубов преку деловни контакти, ќе имате некои проблеми кои ќе ви создаваат нервоза. Можно е да ви е зголемен холестеролот.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

Бидете внимателни, но и дипломатски настроени. Многу лесно можете од пријателите да направите непријатели, само затоа што сте при крај со нервите. Не ви се препорачува да се занимавате претерано со љубовниот живот, бидејќи сте малку хаотични и нервозни.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Правите се за да успеете во она што сте го наумиле. Ќе наидете на деловен партнер каков што одамна сакате. Магично сте привлечни за спротивниот пол. Ве оптеретуваат некои хронични здравствени проблеми.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

Во контакт сте со многу луѓе и тоа малку ве заморува. На љубовен план главно владее затишје, а вие никогаш не сте сигурни како партнерот ќе реагира на вашите примедби, затоа обидете се малку да олабавите со коментарите. Избегнувајте ги слатките.

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

Денес сте прилично емотивни и чувствителни, можеби некои ваши настојувања нема да се исполнат, а се однесуваат на некаков ваш статус, постигнување или интерес од највисок ранг, па оттаму можни се емоционални драми и повреди, агресивност, судири со машки личности, без оглед на вашиот пол.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

Денес можеби нема да имате среќа со некој пријател или познајник што ветил дека ќе ви заврши некоја работа или нешто од голема важност за вас. Но не обвинувајте го, бидејќи вие сте имале лоша проценка, ако воопшто сте ја имале, за неговите можности и способности, односно само сте посакувале да ви заврши работа.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

Ако сакате да го подобрите својот љубовен живот, преземете го првиот чекор. Одличен ден за писмена преписка и за договарање на нови работи. Јадете полесна храна, избегнувајте црвено месо. Употребете го шармот.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Контролирајте го својот однос и однесување кон партнерот, бидејќи ќе ве мачи љубомора. Ќе ви се разнишаат некои деловни поставки. Проверете ја способноста на соработниците. Кажете им „не“ на пороците и лошите навики. Свртете се кон себе.

strelec1

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Вашите ставови за љубовта и бракот ќе се сменат. Некој или нешто ви го одвлекува вниманието. Ќе биде доволно само некаде да се појавите и да го решите проблемот што долго ве мачи. Ќе почувствувате зголемен апетит. Играјте со отворени карти.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Некои разговори можат да придвижат нови интереси. Бидете поактивни во општествениот живот. Намтенете се, не чекајте да ве поканат или да ви понудат нешто. Чувајте се од плускавци. Не се премислувајте долго време.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Ќе ве мачат сомневања што не се реални. Фантазијата ви се оттргна од контрола, па запрете ја. Работните активности се секаде околу вас. Ќе работите прекувремено. Внимавајте на варењето. Нервите ви се чувствителни. Искористете го доброто паметење.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

Немојте да наредувате и заповедате, зашто партнерот би можел да ви ја тресне вратата пред нос. Не залажувајте се со туѓите забелешки, но немојте ниту тврдоглаво да инсистирате на своето. Чувајте се од сонцето. Послушајте ги постарите од себе.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП