12 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИПрвиот таблет со Ubuntu ќе може да се користи и како компјутер

Првиот таблет со Ubuntu ќе може да се користи и како компјутер

pc ubuntu 33

Околу две години откако беше првично објавен, првиот таблет со „Ubuntu“ на компанијата „Canonical“ е подготвен. Уредот се нарекува „Aquaris M10 Ubuntu Edition“ и ќе може да се користи и како десктоп компјутер.

Тој располага со функцијата „Convergence“ која овозможува поврзување со тастатура, глувче и монитор и неговата трансформација во класичен компјутер. Функцијата е слична на онаа на „Windows 10 Continuum“ која има слична цел кај смартфоните и таблетите.

Кај „Windows 10“, сепак се уште има доста ограничувања поради недостаток на т.н. универзални апликации кои можат да работат на различни екрани. Ситуацијата постепено се подобрува, но се уште има што да се направи од оваа функција. Тоа е и шанса за „Ubuntu“ да привлече повеќе внимание кон себе, ако успее да ги надмине овие проблеми.

Дали тоа е така ќе стане јасно само кога таблетот „М10“ ќе се појави на пазарот. Ова ќе се случи во вториот квартал од оваа година. Уредот има 10,1-инчен екран, 4-core процесор „MT8161A“ на „MediaTek“, 2GB RAM меморија. Се очекува официјалното деби на таблетот да е за време на „Mobile World Congress“ во Барселона на крајот на овој месец.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП