29 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗBMW M ја „крева“ брзината со хибриди

BMW M ја „крева“ брзината со хибриди

emcica 22

Спортската поделба „BMW M GmbH“ во најскоро време ќе има хибриден модел, пишува „Auto Express“, цитирајќи го Дирк Хакер, потпретседател на одделот задолжен за инженерска дејност на производителот.

Хакер не ги наведува конкретните рокови за претставување на таква машина, но вели дека електрифицирањето на автомобилите е неизбежно и тоа ќе влијае не само автомобилите за стандардните патишта. За разлика од нив, сепак кај машините на „BMW M GmbH“ системот ќе помага не само за намалување на штетните гасови, но и за постигнување на подобра динамика.

„Ќе се насочиме кон електричниот систем, тоа е неизбежно“, тврди Дирк Хакер, кој појаснува дека главната цел на иновацијата е подобрување на динамичните можности.

Тоа воопшто не е случајно, сепак „BMW“ е првата луксузна компанија која понуди спортски хибриден модел на пазарот – „i8“. Исто така електричен погон имаат сегашните врвни суперавтомобили – „McLaren P1“, „Porsche 918 Spyder“ и „Ferrari LaFerrari“.

Идниот таков модел на „BMW M GmbH“ сепак нема да биде целосно електрични, туку хибриден, бидејќи компанијата има направено студија која покажала дека клиентите немаат намера да се откажат од звукот на конвенционалниот мотор.

„Веќе имаме големо искуство во креирањето на сериски хибриден модел со висока динамика. Важно е сепак во детали да ги процениме не само придобивките од електрифицирани на чистокрвни спортски автомобили, но и компромисите кои ги наложува тоа. Токму затоа работиме на специјални структурни решенија“, додаде Хакер.

Во моментов не е јасно дали компанијата ќе понуди хибридна верзија на свој актуелен модел или подготвува целосно нов суперавтомобил.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП