18 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАФранцускиот Национален фронт и натаму против еврото

Францускиот Национален фронт и натаму против еврото

nacionalen-front

Француската партија од крајната десница Национален фронт (FN) и натаму се спротиставува на единствената европска валута еврото, изјави во неделата нејзиниот генерален секретар, по состанокот на партискиот врв на кој било разговарано за стратегијата за претседателските избори кои ќе се одржат во 2017 година.

„Мораме да ја обновиме националната валута која е орудие за нашата економија. Имаме систем кој не е одржлив, кој е против нашите интереси, имаме трговски дефицит од неколку милиони евра и во наш интерес би било да имаме послаба валута, изјави генералниот секретар на Националниот фронт, Николас Беи за телевизијата iTele.

Појасни дека партијата нема да бара брзо излегување на земјата од еврозоната, како и дека за тоа прашање ќе биде организиран референдум.

Во партиското соопштение кое следеше по изјавата на Беи, партијата објави дека на состанокот на нејзините челници биле потврдени насоките на нејзината политика, меѓу кои националниот, економскиот и монетарниот суверенитет.

Дел од партиските функционери, сепак, сметаат дека токму противењето на еврото е главната причина што Националниот фронт не успева да стекне поголема популарност.

На последните регионални избори само поради непринципиелната коалиција меѓу републиканците и социјалистите во вториот изборен круг, односно двете етаблираните партии, оваа партија не го забележа историскиот успех со победа во некој регион, иако по првиот круг имаше убедливо водство во најмалку три региона.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП