25 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОвие земји може да изгубат 63 милијарди долари од туризмот поради Зика

Овие земји може да изгубат 63 милијарди долари од туризмот поради Зика

zemji 33

Земјите во Карибите, Централна и Јужна Америка може да загубат милијарди долари приходи од меѓународен туризам поради стравувањата околу вирусот Зика.

Светската здравствена организација го потенцираше вирусот Зика за глобална опасност, а за 25 земји веќе има издадени предупредувања за посета, а меѓу нив е и Бразил, каде што оваа година ќе се одржи летната Олимпијада.

Болеста која се пренесува од комарци се поврзува со раѓањето на бебиња со микроцефалија во Бразил.

Brazil Zika Birth Defects

Земјите во кои веќе има потврдени случаи на вирусот или во кои се очекува тој да се шири, би можеле да загубат околу 63.9 милијарди долари приходи од меѓународниот туризам, според податоците на Светската банка. Во овие пресметки не се вклучени Венецуела, Француска Гвајана, Барбадос, Гвадалупе, Мартиник и Сент Мартен. За секоја од овие земји, исто така има предупредувања за патување, но за нив нема податоци за нивните приходи од туризамот.

Од сите латиноамерикански држави ефектот од загубените приходи од туристи може да е најголем во Мексико. Странските туристи потрошиле 14.31 милијарди долари во земјата во 2013-та година, според Светската банка. Бразил пак има генерирано малку над 7 милијарди долари приходи од странски туристи во 2013-та година. Земјата сепак ќе биде домаќин на летната Олимпијада од 2-ри до 21-ви август, а ширењето на вирусот ги става игрите под закана. Бразилската влада објави дека тие нема да бидат откажани поради вирусот.

zika virus1

Зика се очекува да стигне и до САД, каде туристите потрошиле над 214.7 милијарди долари во 2013-та година. Канада и Чиле се единствените земји во западната хемисфера, до кои вирусот веројатно нема да дојде, бидејќи „тигар“ комарците кои го пренесуваат Зика, не се населуваат на нивните територии.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП