2 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИTwitter блокирал 125.000 акуанти поради поврзаност со тероризам

Twitter блокирал 125.000 акуанти поради поврзаност со тероризам

FILE - This Friday, Oct. 18, 2013, file photo shows a Twitter app on an iPhone screen, in New York. Twitter reports quarterly financial results on Monday, Oct. 27, 2014. (AP Photo/Richard Drew, File)

Сервисот за микроблогирање Twitter од средината на 2015 година блокирал 125.000 акаунти поврзани со тероризмот, повеќето од нив со џихадистичката група Исламска држава.

Според оцената на истоимената компанија оператор со социјалната мрежа, таа успеала да се заштити од терористите и екстремистите.

„Ја осудуваме употребата на Twitter за промовирање на тероризмот, а правилата на Twitter јасно наведуваат дека овој тип однесување, или кој и да е вид насилна закана, не се дозволени на нашиот сервис. Како што карактерот на терористичките закани се промени, така се менува и нашата работа во оваа област, се наведува во соопштението.

Се додава и дека за тие цели значително бил зголемен бројот на соработниците кои конкретно се занимаваат со идентификување на ваквите акаунти.

Последните месеци Twitter се најде на ударот на критиките на функционери и безбедносни експерти поради пропустот да оневозможи користењето на својот сервис за регрутирање и популаризирање на терористичките организации.

Според процените на Brookings Institution за 2014 година, Исламската држава контролирала 46.000 акаунти на Twitter.

Како што истакнува весникот The Wall Street Journal, „ова е прв случај кога Twitter објавува конкретни податоци за напорите преземени од страна на компанијата за ограничување на присуството на Исламската држава на оваа социјална мрежа“.

Минатата година, пишува натаму весникот, Twitter беше критикуван дека нејзината мрежа за размена на пораки до 140 карактери „станала омилената алатка за пропаганда на Исламската држава за регрутирање своите поддржувачи“.

„Американското Федерално биро за истраги (FBI) постојано истакнуваше дека борците и регрутерите на Исламската држава активно ги користат социјалните мрежи, системите за шифрирање и визуелните форми на пропаганда. Twitter не е погоден само за продажба на книги и реклама, туку и за консолидација на ресурсите на терористите“, предупредуваше директорот на FBI, Џејмс Коми, потсетува весникот.

Неговата агенција, како и другите безбедносни служби на САД, активно се обидуваат да постигнат заеднички јазик со високотехнолошките компании за оперативно следење на информациите проследувани преку социјалните мрежи и електронската пошта без да бидат нарушувани правата на корисниците на приватност.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП