3 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИFacebook денес го слави 12-тиот роденден (фото+видео)

Facebook денес го слави 12-тиот роденден (фото+видео)

rodenden 22

На 4-ти февруари најголемата социјална мрежа во светот – „Facebook“ наполни 12 години. Но во својот типичен помалку заљубен во себе стил основачот Марк Цукерберг вели дека „наместо овој роденден да се фокусираме врз нас, треба да сме сигурни дека светот се фокусира на она што е важно“. Имено – корисниците.

Значи денес „Facebook“ му испраќа на секој свој корисник т.н. „Friends Day“ видео порака со учество на слики на нив и нивните пријатели. Слично на „годината во клипови“ секој може да го прегледа, да уредува клип, ако сака да скрие нешто непријатно, а потоа да го сподели. Има и нови налепници.

„Facebook“ двојно го зголеми бројот на корисници од 2011-та година од 750 милиони до над 1,590 милијарди потрошувачи сега.

Ова може да даде значаен поттик на идејата на „Facebook“ за претворање на телефонските броеви во заборав и поврзување на сите луѓе во светот со „Messenger“.

„Facebook“ сподели малку и што планира за забавата за својот роденден во своето седиште во Менло Парк во оваа недела. Компанијата поканила 18 корисници од Саудиска Арабија, Луизијана, Унгарија и други места за да споделат како „Facebook“ им го променил животот.

rodenden 33

Но има една статистика, која е можеби поважна од годините на „Facebook“, бројот на корисници или приходите кои се исклучително високи. Оваа статистика се нарекува „лепливост“, или односот на дневните активни корисници во однос на месечно активни корисници, коментира „TechCrunch“.

Месечно активните корисници се прилично непрецизен концепт. Без разлика дали го отвораш сајтот за 5 секунди месечно, или поминуваш часови секој ден во „Facebook“, тоа се брои како 1 месечно активен корисник. Активните дневни потрошувачи сепак даваат многу точна процена на популарноста на одредена услуга.

korisnici fb 3344

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП