23 април, 2025
ПочетнаАВТОБИЗНовите модели му помогнаа на Ferrari да дојде до нов рекорд

Новите модели му помогнаа на Ferrari да дојде до нов рекорд

fferco 33

„Ferrari“ продолжува успешно да балансира по тенката линија која ја разделува екслузивноста  од масовното производство, со раст на продажбата од 6 отсто во 2015-та година.

Во годината која е зад нас италијанскиот производител на суперспортски автомобили продал 7.664 возила, што е нов рекорд во историјата на компанијата. За растот на продажбата се најзаслужни автомобилите со „V8“ мотори, кои се вградени во новите модели во гамата на „Ferrari“ – „California T“, „458 Speciale A“ и „488 GTB“.

Од друга страна, „F12 Berlinetta“ и „Ferrari FF“, кои се на пазарот 4 односно пет години, забележаа пад во побарувачката од 24%.

Вкупен раст на продажбата е забележан во повеќе региони, а пред се во Јапонија, Австралија, Сингапур, Индонезија и Јужна Кореа.

Веста за добрите продажни резултати и растот на испораката доаѓа во момент кога од „Ferrari“ пристигнуваат најави дека горната граница за годишно производство би можела да биде подигната на 9.000 возила, што е значително повеќе од политиката за „7.000 автомобили годишно“ која ја застапуваше поранешниот прв човек на компанијата, Лука ди Монтеѕемоло.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП