4 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИНова услуга на Google има повеќе од една милијарда корисници

Нова услуга на Google има повеќе од една милијарда корисници

gmail edna milijarda

Услугата за електронска пошта на „Google“ – „Gmail“ веќе може да се пофали со месечни корисници од над 1 милијарда. Ова стана јасно од зборовите на извршниот директор на компанијата Сундар Пичај за време на состанокот со инвеститорите, на кој беа разгледани финансиските резултати на компанијата за последниот квартал од 2015-та година.

Во мај 2015-та година „Gmail“ имаше 900 милиони корисници, а шест месеци подоцна тие пораснаа до 1 милијарда, појасни Пичај.

Така електронската пошта стана седмата онлајн услуга на компанијата со над 1 милијарда корисници. Пред тоа истиот резултат веќе го достигнаа пребарувач „Google“, оперативниот систем „Android“, веб-прелистувачот „Chrome“, продавницата со апликации „Google Play“, картографскиот сервис „Google Maps“ и сајтот за споделување на видео содржини – „YouTube“.

„Gmail“ беше официјално пуштен во употреба на 1-ви април 2004-та година по сериозни и корпоративни тестови. Тогаш многу корисници ја примија пораката за шега, бидејќи „Google“ сака да пишува по нешто интересно на денот на шегата. Но набргу потоа „Gmail“ стана исклучително популарна услуга и е една од најбараните електронски пошти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП