Најголемиот производител на автомобили во светот „Toyota“ ќе укине од една од марките, пишува „Motor Trend“. Станува збор за „Scion“ која „Toyota“ ја воведе на пазарот пред 13 години.
Во моментов информациите се неофицијални, но американското издание тврди дека вработените на брендот се веќе известени за запирањето на „Scion“, а се очекува наскоро и потврда од страна на „Toyota“.
Марката „Scion“ беше воведена на пазарот во 2002-ра година со два модела – „xA“ и „xB“, целта беше да ги привлекува младите кои бараат нов автомобил. Својот врв брендот го достигна во 2006-та година, кога реализираше продажба на 175.000 возила. Во минатата година, бројот на продадени автомобили изнесуваше само 56.167.
Не само падот на продажбата е причина за запирањето на „Scion“, тврди „Motor Trend“. Марката требаше да ги привлекува младите клиенти, но реално просечната возраст на сопствениците на модели „Scion“ е 49 години.
Според информациите, вработените за „Scion“ ќе ги задржат своите работни места до август оваа година, за да може да се реализираат на пазарот сите достапни автомобили кои се наоѓаат во магацините. Потоа вработените ќе бидат распределени во марките „Toyota“ и „Lexus“.
Во моментов брендот „Scion“, кој не е достапен во Европа, е претставен на пазарот со 5 модели – „FR-S“, „tC“, „xB“, „iM“ и „iA“. Последниот е базиран на „Mazda2“, додека „iM“ претставува префасонирана верзија на „Toyota Auris“. Истото се однесува и за спортското купе „FR-S“, чиј „брат“ близнак е „Toyota TG86“.