2 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗСе појави нов конкурент на Tesla (видео)

Се појави нов конкурент на Tesla (видео)

tomh 232

Огромниот успех на „Tesla Motors“ не дава ниту миг мир на голем број инженери и претприемачи од целиот свет. Следниот кандидат за слава – Марио Дубук, создаде во САД компанија за електрични автомобили, а нејзиното име е „Dubuc Motors“.

Бизнисменот кој е роден во Канада заедно со неколку истомисленици има намера во 2017-та година да го претстави својот електричен спортски автомобил „Tomahawk“. Парите за развој на моделот – 25 милиони долари, се собираат со помош на доброволни донации преку интернет. Сумата изгледа смешна во позадина на автомобилската индустрија, но според Дубук е сосема доволна.

Прототип на електричниот автомобил се појави на сајтот на компанијата, а познати се и неговите технички параметри. „Tomahawk“ ќе располага со погон на четири тркала и со 4 места (2 напред и 2 назад). Забрзувањето од 0 до 100 км/ч ќе трае 3 секунди, а со едно полнење ќе поминува 300 милји (482 км).

tomh 233

Автомобилот ќе биде направен од алуминиум. Внатрешноста засега останува мистерија, но според Дубук автомобилот ќе располага со панорамски стаклен покрив, а во опремата ќе бидат вклучени голем мултимедијален екран на допир, систем за видео надзор на 360 степени, како и поврзување со интернет.

Според зборовите на бизнисменот, проектот нема како да не постигне успех, бидејќи се очекува во 2022-ра година годишно во целиот свет да се продаваат околу 35 милиони електрични возила. Канаѓанецот се надева дека државните органи исто така ќе помогнат за преминувањето кон „зелени“ машини со помош на субвенции и даночни олеснувања на нивните сопственици.

За сите кои сакаат да го помогнат на проектот е создаден сајт, „StartEngine“, на кој се собираат парите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП