3 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИКој продава најмногу таблети?

Кој продава најмногу таблети?

tableti nula

И покрај падот на продажбата од 24.8% кај таблетите „iPad“ на „Apple“, американскиот производител продолжува да е број еден во глобалната продажба, според податоците на консултантската компанија „IDC“.

Уделот на „Apple“ од глобалната продажба на таблети е 24.5%. Од компанијата продале 16.1 милиони таблети за три месеци помеѓу октомври и декември. Водечки во продажбата е новиот уред „iPad Pro“, кој се одликува се со 12,9-инчен дисплеј и новиот чип „А9Х“. Според „IDC“ од него се продадени 2 милиони уреди во текот на кварталот.

sale tablet 01

Тоа е подобар резултат од продадените 1,6 милиони таблети од моделите на „Microsoft“ – „Surface Pro 4“ и „Surface 3“. Втор по продажба со 9 милиони продадени таблети во последниот квартал на минатата година е главниот конкурент на „Apple“ – „Samsung“. Тоа му обезбеди на јужнокорејскиот производител 13,7% од светската продажба. И тука се забележува намалување во продажбата од 18.1%, во споредба со истиот квартал од минатата година.

Со извонреден раст на продажбата од 175.7% на годишна основа, на трето место според продадени таблети е рангиран „Amazon“. Компанијата има продадено 5.2 милиони уреди во последниот квартал од минатата година, што и дава удел од 7,9% од вкупната продажба. Следат „Lenovo“ со 3,2 милиони продадени таблети и „Huawei“ со 2,2 милиони таблети.

sale tablet 02

Општо земено вкупната продажба на таблети е 65.9 милиони евра, што е за 13,7% помалку од една година порано.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП