28 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИWhatsApp достигна бројка од милијарда корисници

WhatsApp достигна бројка од милијарда корисници

vas wp

Познатата мобилна апликација за размена на пораки која е во сопственост на компанијата „Facebook“ неодамна ја достигна бројката од милијарда корисници.

Ова се многу добри вести за нејзиниот извршен директор Марк Цукерберг кој пред две години одлучи „WhatsApp“ да го купи за 19 милијарди долари, верувајќи дека еден ден ќе стане една од најкористените платформи за комуникација во светот.

И покрај тоа што не носи пари, секако е повеќе популарна од „Facebook“, кој неодамна ја надмина бројката од 800 милиони корисници.

Пред купувањето, „WhatsApp“ во просек беше користена од 450 милиони корисници месечно, и имаше заработка од околу 10.8 милиони долари годишно. Најголемиот дел од оваа сума беше дадена од корисниците кои за нејзиното користење на годишно ниво плаќаа по 0.99 долари.

Цукерберг оваа практика ја укина минатиот месец и изјави дека „WhatsApp“ ќе биде ослободен од реклами. Компанијата сака апликацијата да ја претвори во средство кое најмногу ќе биде користено во сферата на бизнисот, односно со помош на која компаниите ефикасно ќе можат да остварат комуникација со клиентите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП