25 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИAlphabet накратко го „симна“ Apple од берзанскиот трон

Alphabet накратко го „симна“ Apple од берзанскиот трон

Apple-Google

„Apple“ се уште е компанијата со најголема пазарна капитализација во светот, но тоа може да не трае долго. Всушност технолошкиот гигант „Alphabet“, познат неодамна како „Google“, вчера за прв пат успеа за кратко да го претекне „Apple“ по пазарната вредност.

За време на вчерашната седница, акциите на „Alphabet“ поскапеа за 2%, со што пазарната капитализација на компанијата се зголеми до 533.4 милијарди долари. Во исто време акциите на „Apple“ поевтинија за над 1%, што ја намали пазарната вредност до 532.7 милијарди долари. На крајот на денот сепак акциите на „Alphabet“ го отстапија врвот.

„Apple“ ја заврши вчерашната седница со пазарна капитализација од 534.6 милијарди долари, додека онаа на „Alphabet“ изнесуваше 530 милијарди долари.

gol nas3

„Alphabet“ ги објави финансиските резултати за четвртиот квартал по крајот на вчерашната сесија на акции. Продажбата и профитот на компанијата беа подобри од очекуваните, а акциите поскапеа за 8% на берзанската трговија. При овие нивоа акциите на „Alphabet“ ќе ја започнат денешната седница со рекордни цени, а пазарната капитализација на компанијата ќе биде над 570 милијарди долари. За прв пат вчера компанијата ги објави финансиските резултати и на поделбите, како „Nest“, „Google Fiber“ и „X“. Тие се уште се во загуба. Поголем дел од продажбата и профитот на „Alphabet“ сепак се уште доаѓаат од основната дејност на „Google“ како интернет пребарувач, „Android“ и „YouTube“, а овој бизнис се справува исклучително добро.

Од друга страна, „Apple“ се соочува со сериозни тешкотии да го убеди „Волстрит“ дека крие уште интересни изненадувања. Цената на акциите на компанијата паѓа за речиси 10% од почетокот на годината и е на околу 30% под рекордните нивоа.

kompas 353

„Alphabet“ во моментов зема замав и е можно да стане првата американски компанија која ќе достигне пазарна капитализација од илјада милијарди долари. Сепак нејзе и претстои да оди по долг пат пред да се доближи до максималната пазарна вредност на „Apple“, кој се проценуваше на околу 775 милијарди долари во февруари 2015-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП