17 мај, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 02.02.2016

Дневен хороскоп 02.02.2016

zodiak

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

Повлечени од добрата интуиција, ќе успеете да го почувствувате вистинскиот момент за нов почеток. Доколку вашата врска им одолеала на искушенијата во претходниот период, сега ќе поминувате низ прекрасни фази. Проблеми со вратниот дел од грбот. Можни се вртоглавици.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

Се докажувате во сите сфери на работа. Вистински момент е да донесете некои добри одлуки. Ќе запознаете личност која е подготвена да ве сака и да не го расипе вашиот ритам и ред. Чувајте се од можни повреди во работата.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Интересен ден. Ќе имате перфектно избалансиран однос помеѓу сопствените, туѓите и општите барања и можности. Контаките со околината ќе ви бидат одлични, особено добро ќе соработувате со вашите колеги. Ви препорачуваме тимска работа.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

Период во кој ќе помислите дека сите задачи на работното место ги обавувате исклучиво вие. Но не е така, едноставно ви недостасува мотивација. Пронајдете поттик во малите нешта. Одличен период во кој оние кои се во кратка врска ќе го зацврстат односот.

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

Одлично се чувствувате во своја кожа. Обидете се да владеете со себе доколку сакате да бидете задоволни. Земете го тоа што ви е понудено и сигурно ќе успеете да го претворите во нешто што на вас ви одговара. Посветете и време и на саканата личност.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

Настаните ви излегуваат од контрола особено меѓучовечките односи стануваат извор на промени и возбудувања. Ќе морате да бидете внимателни во отворените пресметки и бучни реакции, но тоа за некои ќе биде еден начин за да можат да се справат со изненадувањата кои ќе им ги подготват другите.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

Надворешните случувања особено оние деловните ќе ви ја разнишаат емотивната рамнотежа и ќе ве доведат во ситуација во која ќе ви биде многу тешко да го пронајдете вистинскиот пат. Во ваква ситуација, најверојатно ќе го прифатите ризикот, а со тоа можете да прекинете некои многу пријатни работи.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Неповолниот аспект од Сатурн  ви носи напнатости во финансиите, но ќе успеете да се извлечете од кризата. На работното место односите со соработниците и претпоставените ви се доста нестабилни особено кога се во прашање некои деловни договори и решавање на проблеми.

strelec1

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Ќе се двоумите за многу нешта, кои за вас, а и за вашето семејство се многу важни. Ќе се најдете во ситуација во која ќе биде потребна итна реакција за решавање на одреден проблем. За среќа, вашето спонтано однесување ќе ве насочи кон вистинската насока.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Проблемите и недоразбирањата кои ги имавте сами со себе се зад вас. Но, сега треба да се размислува за иднината. Бидете искрени и признајте си дека е време за нова етапа во вашиот живот. Некоја принова во вашето семејство ќе ви донесе дополнителна радост.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Ќе имате многу енергија, па одлично ќе ви напредуваат работите поврзани со учење нови нешта. Ќе успеете да ја отворите вратата која подолго време ви била затворена. Ве очекува голем успех. Финансиската состојба ви е стабилна, опуштете се и уживајте.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

Ќе најдете среќа во малите и ситни нешта кои вистински ќе ве израдуваат. Како да промена одлично е малку да излезете од вашата кожа која ја задоволуваат само големи и скапоцени нешта. Некој глас од далеку носи многу пријатни вести.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП