26 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНедостатокот на туристи е причина за продажба на 1300 хотели во Турција

Недостатокот на туристи е причина за продажба на 1300 хотели во Турција

hotel-turkey111

Околу 1.300 хотели од медитеранскиот и егејскиот дел на Турција се ставени на продажба, откако грижата за безбедноста на гостите предизвикаа пад на туристичката индустрија на земјата, пишува весникот „Заман“.

Во голема мера секторот е погоден од влошените односи меѓу Турција и Русија по соборениот руски авион во ноември 2015-та година, наведува весникот „24 часа“. По инцидентот, Москва запре со продажба на патувања за Руси до турските летувалишта. Секоја година од Русија кон Турција патуваа околу 4 милиони туристи, кои се вторите најбројни гости во оваа балканска земја по Германците.

Според „Заман“ во реонот на Егејското Море, каде што се наоѓаат едни од најпопуларните турски одморалишта за продажба се пуштени 908 хотели. Нивната вкупна вредност е 3 милијарди долари. Во Анталија, која пречекува најголем број туристи секоја година, се продаваат 140 хотели. Од нив 120 се со пет ѕвездички.

Оваа година се очекува и протокот на германски туристи да се намали поради влошување на безбедноста. На 12-ти јануари при терористички напад во Истанбул загинаа 11 државјани на Германија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП