28 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИEdge постојано бележи загуба на корисници

Edge постојано бележи загуба на корисници

edge 333

Новите податоци поврзани со застапеноста на поединечни Интернет пребарувачи во светот повторно не одат од рака за пребарувачот „Edge“ кој е во сопственост на „Microsoft“. Податоците за јануари оваа година покажуваат дека бројот на корисниците во однос на минатата година има забележано пад.

Потсетуваме дека на почетокот на септември пребарувачот „Edge“ имаше дури 2,03% корисници, што повеќето овој разултат го препишуваа на тоа дека беше пуштен во оптек нешто повеќе од еден месец. Но, сега „Edge“ на пазарот е подолго од шест месеци и таквите изговори повеќе „не палат“.

Според „StatCounter“ во последните шест месеци „Edge“ успеа да загуби дел од постоечките корисници (0,22%), па така неговиот удел сега изнесува вкупно 1,81%. Oд тоа 1,24% oтпаѓаат на „Edge 13“ кој стигна со „1511“ надоградбата во ноември 2015-та година, 0,57% на оргиналниот „Edge“ од „RTM 10240“ на „Windows 10“.

Првите пет места на таблета се резервирани за „Chrome“ (57,75%), „Internet Explorer“ (15,99%), „Firefox“ (15,98%), „Safari“ (4,59%) и „Opera“ (2,03%). Се очекува во скоро време „Internet Explorer“ и „Firefox“ да ги заменат своите позиции во рангирањето.

edge 334

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП