19 април, 2025
ПочетнаАВТОБИЗToyota го стопира производството поради недостиг на челик

Toyota го стопира производството поради недостиг на челик

An employee works at an assembly line in the Toyota manufacturing plant in Sakarya

Производството на автомобили во деветте фабриките на „Toyota“ во Јапонија ќе биде целосно укината за периодот од 8-ми до 13-ти февруари, соопштија од раководството на концернот.

Причината е недостаток на челик, вина на основниот оператор – компанијата „Aichi Steel“. Нејзината фабрика во Јапонија настрада сериозно од експлозија, која избувна во почетокот на јануари. Во инцидентот нема повредени, но една од производствените линии е премногу оштетена и поправката ќе заврши на крајот на март.

Од „Toyota“ објавија дека проблемот нема да влијае на претпријатијата на концернот, лоцирани во други држави. Сепак производителот ги зема сите можни мерки за минимизирање на штетата што може да биде нанесена на производството на компанијата. Една од мерките е потрага по нов снабдувач на челик.

Employees work at an assembly line at the Toyota manufacturing plant in Sakarya

Во Јапонија има вкупно 16 фабрики на „Toyota“, а секојдневно од производната лента излегуваат околу 14.000 нови автомобили. Концернот е најголемиот производител на автомобили во светот – четврта година по ред, а во 2015-та заврши со резултат од над 10 милиони единици.

Плановите на компанијата за оваа година се да бидат произведени околу 10,20 милиони возила, а од нив 4 милиони отпаѓаат на локалните претпријатија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП