18 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИАкциите на Sony се зголемија за 12% по добриот отчет

Акциите на Sony се зголемија за 12% по добриот отчет

sonyy

Пазарната капитализација на „Sony“ се зголеми за 3,3 милијарди долари, откако компанијата објави повисока од очекуваната добивка, во голема мера благодарение на Холивуд, музиката и игрите во последниот квартал, пишува „Bloomberg“.

Акциите на компанијата се зголемија за 12% до 2836 јени во Токио во понеделникот. Тоа е најголем пораст од октомври 2008-ма година, во споредба со 2% раст на „Nikkei 225 Stock Average“.

Нето добивката на „Sony“ се искачи на 120,1 милијарди јени (989 милиони долари) во текот на кварталот, кој заврши во декември, надминувајќи ја средната оценка на аналитичарите анкетирани од „Bloomberg“, кои прогнозираа 91,1 милијарди јени.

„Sony“ припишува голем дел од успехот на филмот за Џејмс Бонд – „Спектар“ и на рекордните продажби на новиот албум на Адел „25“, кој не беше достапен во стриминг услугите „Spotify“ и „Apple Music“.

Игрите, најголемата поделба на компанијата за продажба, продадоа повеќе конзоли „PlayStation 4“ и софтверски наслови што помогна да се компензира за одложувањето на продажбата на чипови.

„Резултатите содржеа микс од позитиви и негативи, но на крајот се покажаа прилично добри“, тврди Мика Нишимура, аналитичар на „Credit Suisse Group“.

„Sony“ забележа два пати повисока добивка од мобилниот бизнис за третиот квартал од резултатите од пред една година. Збирот достигна 24,1 милијарди јени, покрај негативното влијание на слабиот јен.

Иако ги задржа своите годишни проекции за вкупните перформанси на компанијата, вклучувајќи го оперативниот профит од 320 милијарди јени, компанијата посочи дека очекува зголемување на продажбата на игри, но ја намали прогнозата за делот за уреди што ги произведуваат сензорите за слики.

Единицата која ги произведува чиповите, се бори со падот на побарувачката на телефоните во позадина на созревањето на пазарот и забавување на кинеската економија. Таа загуби 11,7 милијарди јени во кварталот.

Годишната прогноза за оперативната добивка на бизнисот беше намалена до 39 милијарди јени од 121 милијарди јени.

Оперативната добивка на единицата за игри ќе биде 85 милијарди јени, објави компанијата, околу 6% повеќе од октомвриската прогноза.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП