23 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕвтината нафта ќе доведе до рекорден трансфер на богатство

Евтината нафта ќе доведе до рекорден трансфер на богатство

naf 33

Економистите се уште се расправаат дали ниската цена на нафтата е добра или лоша вест за економијата.

Аналитичарите од „Bank of America Merrill Lynch“ сепак направија нова опсежна студија за долготрајното влијание на евтината нафта. Според нив трајно ниските цени на нафтата што доведе до пренесување на богатство во износ од 3 илјади милијарди долари годишно од нафтените производители кон светските корисници, би било најголемиот сличен трансфер во историјата на човештвото.

До овој заклучок дојде истражувачкиот тим на банката, предводен од Франциско Бланш. Бланш веќе гледа докази за позитивен ефект од ниските цени на суровината врз потрошувачката, а тој може да се зајакне во иднина.

oilco111

„Ако цената на нафтата се задржи во просек 40 долари за барел во следните пет години, побарувачката ќе се зголеми за 1,5 милиони барели на ден. Со просечна цена на нафтата од 20 долари за барел потрошувачката ќе е за 1.7 милиони барели на ден повисока“, коментира експертот за финансиското издание „Bloomberg“.

Особено силен ќе биде ефектот на евтината нафта на пазарите во развој, кои се соочуваат со сериозно забавување на растот. Позитивниот ефект ќе е „влакно“ на пораст во продажбата на автомобили и потрошувачката како целина.

Евтината нафта ги стимулира кинеските потрошувачи да купуваат поголеми автомобили. Продажбата на спортските модели со високи перформанси се зголеми за 60% во земјата на годишна основа во текот на последните три месеци од изминатата година, додека вкупната продажба на автомобили се зголемува за 22%.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП