9 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКанада заработува 3.6 милијарди долари од легализација на марихуаната

Канада заработува 3.6 милијарди долари од легализација на марихуаната

Medical Marijuana

Легализацијата на марихуаната во Канада, ветена од новиот премиер Џастин Трудо, може да и донесе на земјата 3.6 милијарди долари во локални и федерални даноци. Тоа го покажа истражувањето на финансиските аналитичари, цитирано од „АФП“.

Авторите на прогнозите од CIBC World Markets“ посветиле внимание на темата, поради падот на цените на многу производи во Канада и намалувањето на приходите од надоместоците. Истражувањето не вклучува пошироко разгледување на темата во здравствен, социјален и криминално-судски план, па поради тоа од финансиската компанија не ги претендираат резултатите како сеопфатни.

Аналитичарот Ејвори Шенфелд се обидел да ја пресмета големината на канадскиот пазар за легален канабис според различни дадени околности. Тој го пресметувал бројот на корисници на марихуана врз основа на официјални државни и меѓународни статистики, а зема предвид и искуствата во САД, каде што неколку држави ја легализираа употребата на дрогата. Според проценката базирана на расположливите статистички податоци, пазарот на канабис во Канада ќе може да се оцени на 3 милијарди канадски долари. Шенфелд сепак прецизира дека во американските држави првичните предвидувања се покажаа неточни и врз основа на просечната разликата таму во Канада реалната вредност може да достигне 10 милијарди локални долари.

Ако трговијата со марихуана биде оданочувана, како стандардна економска активност, тогаш властите ќе добиваат 30% од износот или околу 3 милијарди долари. Ако сепак се користи оданочувањето на цигарите и алкохолот, тогаш даночниот удел ќе се зголеми до 5 милијарди канадски или 3.6 милијарди американски долари.

Премиерот Џастин Трудо веќе го назначи Бил Блер, поранешниот шеф на полицијата во Торонто, да ги изработи потребните регулативи за дистрибуција на канабис. Нема објавени временски рамки во кои легализација ќе се воведе, но кога тоа ќе се случи Канада ќе стане првата земја од Г-7 која дозволила користење на марихуана.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП