19 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИГрафик на денот: Наближува крај на победничката низа на Apple

График на денот: Наближува крај на победничката низа на Apple

ajpeli 3

Во вторникот Apple забележа највисока добивка за кварталот, надминувајќи ја секоја друга компанија во историјата. Таа има постигнато профит од 18,4 милијарди долари за трите месеци до 26-ти декември, 2015-та година, со што го подобри сопствениот рекорд од претходната година со неколку милиони долари. Тоа веќе е во минатото, коментира „Economist“.

Прашањето сега е како „Apple“ ќе се претстави во следниот квартал. Благодарение на турбуленциите на пазарите во развој, главно во Кина, каде што компанијата остварува една четвртина од продажбата, очекувањата се приходите за следниот квартал да се намалат за околу 11% на годишна основа. Ова ќе го одбележи крајот на значајната серија на „Apple“ – 51 последователни квартали со раст на приходите.

Богатството на „Apple“ се должи главно на „iPhone“, кој формира околу две третини од нејзините приходи. Во последните десет години компанијата има продадено 900 милиони „iPhone“ телефони, како и 350 милиони „iPod“ уреди, 300 милиони „iPad“ таблети и 140 милиони персонални компјутери „Mac“. Според податоците од паметениот часовник најверојатно се продадени околу 12-15 милиони примероци.

Сепак „Apple“ сега се движи кон нова пресвртница – 1 милијарда активни уреди за последните 90 дена. Ако кон ова го додадеме купот пари во износ од 150 милијарди долари – „мајката на сите сметки“ според зборовите на извршниот директор Тим Кук, компанијата ќе продолжи да биде во „добро здравје“.

economist 33300333

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП