19 април, 2025
ПочетнаАВТОБИЗMaserati вади цела палета хибриди

Maserati вади цела палета хибриди

masi 3353

„Maserati“ ќе понуди хибриден погон за сите свои идни модели, пишува „Autocar“. Исклучок ќе биде единствено контроверзниот „Alfieri“.

Се очекува дека првиот хибриден автомобил ќе е теренецот „Levante“, кој треба да се појави на пазарот во 2017-та година. Моделот ќе биде проследен со хибридните верзии на „Quattroporte“, „Ghibli“, „GranTurismo“ и „GranCabrio“, а тие официјално ќе бидат претставени најрано во 2020-та година.

„Ние мора да постигнеме успех со нашите хибриди – едноставно е. Во земјите каде барањата за емисиите се строги, очекуваме добри резултати. Се разбира, се сведува на желбата на клиентите. Ќе се стремиме да ги електрифицираме целосно нашите автомобили, но само ако тоа може да се постигне без губење на задоволство при возењето“, вели главниот менаџер на компанијата, Џулио Пасторе.

Другата цел на „Maserati“ е постигнување на 75.000 продажби годишно до 2018-та година, а овој рекорд се очекува да биде остварен благодарение на „Levante“, бидејќи моделот е лоциран во растечкиот сегмент на кросовери.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП