27 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИОва е најдобро чуваната тајна на Facebook

Ова е најдобро чуваната тајна на Facebook

fmess

Речиси сите знаат се за „Facebook“. Сигурно и со вас е така. Социјалната мрежа има над 1 милијарда посетители дневно во светот. Таа е суштински дел од модерниот живот.

Она што не се знае толку многу, сепак, е дека освен „Facebook.com“,технолошката компанија со седиште во Калифорнија има и друг, поедноставен сајт преку кој можете да разговарате со вашите пријатели. Ако тоа е она што сакате да го правите, овој сајт е многу подобар од оригиналниот „Facebook“.

Еве зошто:

fmess1

Прво, главниот сајт на „Facebook“ има повеќе функции. Слики, групи, вести, статуси и друго. Што се случува, ако сакате да пратите порака на пријател? На тоа се посветува помалку од една четвртина од екранот, а останатото се само работи кои немаат никаква врска и ви оделе на нерви.

За ваша среќа, „Facebook“ има една малку позната алтернатива. Отворете прелистувач и и внесете го сајтот „Messenger.com“. Ќе добиете исклучително чист интерфејс. Можете да разговарате со вашите пријатели и ништо друго. Во исто време, сепак сајтот има многу корисни работи. Тој дури не личи на „Facebook“, што може да биде од корист во канцелариите каде користењето на социјалната мрежа е забрането, пишува „Business Insider“. Ако пак не користите компјутер, сајтот е многу лесен за употреба, отколку пишувањето на пораки преку смартфон. Општо земено сајтот личи многу на мобилната апликација „Facebook Messenger“, но за компјутери.

fmess2

„Facebook“ го пушти „Messenger.com“ уште во април 2015-та година, но многу луѓе се чини дека не знаат за неговото постоење. Сајтот има само околу 70 милиони посетители месечно, според „Similar Web“, што е еден незначителен дел од корисниците на „Facebook“. Ако не сте го испитале уште, можете да го направите сега и да уживате во комуникацијата со пријателите, без да ви пречи сè друго, кое се појавува во социјалната мрежа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП