27 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИMicrosoft забележа пад од 57% во продажбата на смартфони

Microsoft забележа пад од 57% во продажбата на смартфони

lumia mic

„Microsoft“ објави дека продажбата на паметните телефони „Lumia“ во последниот квартал на минатата година се намалил за 57% во однос на претходната година. Софтверскиот гигант не успеа да ги освои потрошувачите и има пазарен удел од нешто над 1%.

Уште една лоша вест е дека за петте години на постоење на „Windows Phone“, се продадени вкупно околу 110 милиони смартфони со овој оперативен систем. За споредба, во истиот период има продадено околу 4,5 милијарди телефони со „Android“ и „iOS“.

За „Microsoft“ останува уште поголем предизвик да го наметне „Windows 10“ како мобилна платформа. За сега, сепак има уште доста работа во развојот на софтверот. Покрај тоа, се чини дека „Microsoft“ е свесен за тоа и сака да го насочи вниманието кон развој на „Contiuum“ кој ќе овозможи употреба на смартфонот како комплетен компјутер со „Windows“.

И покрај сериозните проблеми на „Lumia“, „Microsoft“ сепак забележа добри финансиски резултати, кои ги надминуваат очекувањата на аналитичарите. Главната заслуга за тоа е на облак услугите на компанијата. Нејзините вкупни приходи за последниот квартал од минатата година, што е вториот за фискалната година на компанијата, се 25,7 милијарди долари. Тоа е помалку во однос на 2014-та година за околу 800 милиони долари, но сепак е над предвидените.

Мал раст забележа „Microsoft Office“, кој е зголемен профит со 400 милиони долари до 6.7 милијарди долари. „Office 365“ веќе има 20,6 милиони корисници. Одделот „Intelligent Cloud“, во кој влегуваат и корпоративните услуги, како и хардверските уреди исто така имаат раст во приходите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП