17 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИРеорганизација во Twitter, акцијата во пад

Реорганизација во Twitter, акцијата во пад

sto se slucuva 33

Четири високи раководители  на социјалата мрежа Twitter заминуваат од компанијата, информираше генералниот директор Џек Дорси. По оваа вест, цената на акцијата на Twitter падна за четири отсто.

Ова е најголема промена во раководството на Twitter, откако Дорси се врати на функцијата генерален директор и е дел од неговите настојувања да ја врати компанијата на патеките на растот, оцени Reuters.

Компанијата, според зборовите на Дорси, ќе ја напушти директорот на одделот за медиуми Џејкобс Стентон, директорот на одделот за развој на производи Кевин Вејл, директорот на инженерскиот сектор Алекс Ретер и директорот на одделот за човечки ресурси Брајан Шиер.

Од минатогодишното враќање на Дорси на позицијата на генерален директор, акцијата на Twitter падна за речиси 50 отсто и сега со неа се тргува по цена под нивото од иницијалната јавна понуда, бидејќи компанијата не успеа значително да ја зголеми својата корисничка база.

По повеќегодишниот силен раст со кој Twitter стана една од најпосакуваните интернет компании, во последната година ипол растот на компанијата е драматично забавен со оглед дека според бројот на корисници никако не може да фати чекор со Facebook.

Токму Дорси го воведе ограничувањето од 140 карактери по твит за да може полесно да се користи од мобилен телефон кои можеа да пратат пораки до 160 карактери. Поради напредокот во пораките од паметните телефони, Twitter сега размислува да овозможи пораки од над 140 карактери за да го зголеми бројот на корисници.

Социјалната мрежа Twitter, која има над 300 милиони корисници, забележа најбавен раст на бројот на нови корисници во 2015 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП