22 април, 2025
ПочетнаКОМПАНИИДобивката на Сони поголема од очекуваната благодарејќи на видео игрите

Добивката на Сони поголема од очекуваната благодарејќи на видео игрите

Japan Sony Olympus

Јапонската електронска компанија Сони извести денеска за оперативна добивка од 1,68 милијарди долари во последното ланско тромесечје, што е повеќе од очекувањата на аналитичарите, а резултатот е од подобрата продажба на видео игри и намалувањето на трошоците.

Оперативната добивка на оваа компанија во периодот од октомври до крајот на декември 2015 година пораснала за 11 отсто во однос на година дена претходно, на 202,1 милијарди јени, односно 1,68 милијарди американски долари.

Со тоа ја надмина процената на осум аналитичари за Thomson Reuters од 175 милијарди јени.

Смалувањето на трошоците, како и големата продажба на игрите за Play station 4 и сензорите што се користат во паметните телефони, му помогнаа на овој јапонски производител да го подобри работењето во однос на минатата година.

Сепак, Сони по заработката заостанува зад Епл и Самсунг Електроникс, како и зад евтините азиски производители на потрошувачка електроника – паметни телефони и телевизори.

Загриженоста заради послабата продажба на Ајфони на Епл и забавувањето на кинескиот мобилен пазар, ги спушти последните недели и цените на акциите на Сони. Моментално тие се тргуваат по 2.523 јени, што е за 16 отсто помалку од почетокот на годината.

Сони извести дека продажбата на уреди во последното ланско тромесечје му паднала за 13 отсто во однос на претходната година. Компанијата ја задржа проценката на растот на оперативната добивка за целата година од 320 милијарди јени, по година дена претходно забележаните 68,5 милијарди јени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП