23 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИЈапонија го претстави првиот домашен невидлив авион

Јапонија го претстави првиот домашен невидлив авион

japanski avion 353

Јапонија го претстави првиот невидлив авион од домашно производство, X-2, којшто би требало својот прв пробен лет да го има во февруари.

Јапонските воени сили настојуваат да ја осовременат технологијата и да ја подобрат способноста за набљудување и собирање на разузнавачките податоци во момент кога Кина го јакне военото присуство во регионот.

Воените функционери велат дека со овој авион ќе биде испробана спелт технологијата која можеби ќе биде комбинирана со наредната генерација ловци и ќе ги замени борбените авиони F-2 веќе во 2028 година.

Црвено – белиот авион долг 14 метри со распон на крилјата девет метри се наоѓа моментално во хангарот на аеродромот во Нагои во централна Јапонија.

Авионот е опремен со технологија за избегнување на радари вклучувајќи го и провидниот покрив со специјален премаз којшто го зголемува ефектот на невидливост.

„Не можам да навлегувам во детали но сметам дека технолошки е на многу високо ниво“, изјавил Такахиро Јошида, раководител на проектот во агенцијата за набавка, технологија и логистика при јапонското министерство за одбрана.

Проектот е вреден 340 милиони долари и започна во 2009 година

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП