Во април јапонската компанија „Honda“ ќе претстави нов кросовер, кој најверојатно ќе се нуди главно на пазарот во Кина.
Всушност ова нема да биде целосно непознат модел, а сериската варијанта на прототипот „Concept D“, кој беше претставен пред една година во Шангај. За премиерата на кросоверот е избран истиот саем, а се очекува тоа да биде најскапиот и најпрестижен модел на „Honda“ за кинескиот пазар.
Во компанијата си поставија за цел да ја привлечат младата популација и затоа нема да го променат екстравагантниот спортски изглед на „Concept D“. Неговиот профил донекаде потсетува на поголемиот, според димензите, „Honda Crosstour“, од чие производство јапонскиот производител се откажа неодамна.
Отсуството на издувните цевки на прототипот прикажан во Шангај, натера многумина да мислат дека машината е замислена како електромобил, но од „Honda“ го демантираат тоа. Сериската верзија ќе биде опремена со стандардни бензински мотори со зафатнина од 2,0 и 2,4 литри.
Кросоверот, кој ќе се појави на пазарот, ќе се извлече и дел од екстравагантните решенија од концептот. Меѓу нив се „LED“ светлата, видео камерите кои ги заменуваат ретровизорите, како и практичните рачки, вградени во панелот на вратите.