28 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИВеќе е јасно колку смартфони се продадени во светот во 2015-та година

Веќе е јасно колку смартфони се продадени во светот во 2015-та година

smartfoni pazar999

Повеќе од 1,4 милијарди смартфони се продадени во светот во 2015-та година, покажуваат податоците на американската компанија за истражување на пазарот и анализа „IDC“. Тоа е за 10,1% повеќе во однос на 2014-та година.

Зголемена беше побарувачката на смартфони во четвртиот квартал на 2015-та година, кога е остварен раст од 5,7%, до 399.5 милиони примероци.

smartici 01

Најголем производител во светот во четвртиот квартал од минатата година повторно е „Samsung“ со 85.6 милиони продадени смартфони, следен од „Apple“ со 74.8 милиони и „Huawei“. Кинеската компанија „Huawei“ се претстави најдобро од сите кои се наоѓаат во топ 5, каде спаѓаат уште „Lenovo“ и „Xiaomi“. За четвртиот квартал на 2015-та година, компанијата ја зголеми продажбата за 37%, додека со продадените 106.6 милиони уреди во изминатата година ја рангираат „Huawei“ меѓу четирите компании во светот, кои го направиле тоа во рок од една година.

smartici 02

Вкупната продажба на „Samsung“ и „Apple“ за 2015-та година изнесува 324.8 милиони и 231.5 милиони смарфони, а и од двете компании најавија дека тешко ќе се одржи ова темпо и во оваа 2016-та година. Растот за годината за „Huawei“ е од 44,3%, додека „Lenovo“ и „Xiaomi“ предвидоа раст во продажбата од 24,5 и 22,8 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП