26 јуни, 2025
ПочетнаАВТОБИЗLamborghini се троши како алва!

Lamborghini се троши како алва!

vikelman 335

Продажбата на „Lamborghini“ продолжи да расте, па во 2015-та година достигнуваат нов врв, соопштуваат од компанијата. Реализираните примероци на светските пазари за прв пат во историјата на производителот ја надминуваат границата од 3000.

Точниот број е 3245, што е значително подобрување во однос на 2014-та година, кога компанијата продаде 2530 автомобили.

Од „Lamborghini“ не прецизираат за продажбата на одделни модели, но пак велат дека очекуваат растот да продолжи и во текот на оваа година. Ангажиран е дури дополнителен персонал за да го обезбеди очекуваното зголемување на производството.

Во 2014-та година „Lamborghini“ ангажираше 150 нови работници на производните линии, а во следните неколку години работната снага ќе биде зголемена за уште 500. Моменталниот персонал во фабриката на компанијата е 1.300 лица.

За зголемувањето на продажбата главна улога треба да одигра моделот „Urus“, кој очекуваме за околу 2 години. Тој претставува кросовер и е претставник на најбрзо растечкиот сегмент на пазарот. Според извршниот директор на „Lamborghini“ Стефан Винкелман по премиерата на „Urus“ продажбата на брендот ќе достигне 5000-6000 примероци годишно.

Но не само „масовните“ модели на „Lamborghini“ се продаваат добро. Неодамна компанијата откри дека ќе покаже посебен модел, посветен на 100-годишнината од раѓањето на Феручо Ламборгини. Предметната машина се уште не е претставена официјално, не се знае дури и името. Сепак сите 40 примероци (20 купе и 20 кабриолет) се веќе претплатени од клиенти. Се шпекулира дека цената на овој модел ќе биде околу 2,4 милиони долари. Премиерата ќе се одржи во Женева во март.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП

NEWSLETTER

Добивајте вести на e-mail

Бидете во тек со најновите вести од Денар