30 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗPorsche 718 Boxster: Ново име, 4 цилиндри, турбо... (фото+видео)

Porsche 718 Boxster: Ново име, 4 цилиндри, турбо… (фото+видео)

pokica 00

По две децении, колку што мина од лансирањето на првиот „Boxster“, производителот од Штутгарт сметаше дека е време за радикални промени. Актуелната трета генерација претрпе редизајн, но и бројни механички подобрувања.

pokica 01

Редизајнот пред се опфаќа елементи на надворешноста, како предните и задните светлосни групи, со цел автомобилот да изгледа посовремено и да биде поконкурентен на пазарот. Во кабината промените се забележливи на воланот, а на купувачите на располагање им се најновиот мултимедијален систем со нов екран.

pokica 02

Иако станува збор за редизајниран модел, „Boxster“ зa 2016-та е многу повеќе од тоа. Покрај очигледните разлики во името, ознаката „718“ претставува посвета на моделот „Porsche 718“ од 1957-ма година, а најважните промени се случија под хаубата.

Досегашните шестцилиндарски 2.7 и 3.4 литарски атмосферски агрегати го остапија местото на турбо бензинците со 4 цилиндри.

pokica 03

„718“ може да се пофали со модерен и компактен 2.0-литарски турбо-бензински „боксер“, кој благодарение на „VTG“ технологијата (турбина со променлива геометрија), ослободува 300 КС и 380 Nm.

pokica 04

„Porsche“ веднаш во понудата смести и помоќна верзија, „718 Boxster S“, којашто ја придвижува 2.5-литарски турбо „боксер“, од којшто се извлекуваат максимални 350 КС, додека максималниот вртежен момент изнесува 420 Nm.

pokica 05

Според објавените податоци, „718 Boxster“ од состојба на мирување до 100 km/h стига за 4.7 секунди, а помоќната „S“ верзија, којашто е опремена со опционален „PDK“ менувач и „Sport Chrono“ пакет, тоа го прави за само 4.2 секунди!

pokica 06

Почетокот на продажбата на новиот модел се очекува кон крајот на месец април оваа година и тоа по цена од 53.646 евра за „718 Boxster“, односно 66.141 евро за помоќниот „718 Boxster S“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП