19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАФЕД очекувано не ги промени каматните стапки во САД

ФЕД очекувано не ги промени каматните стапки во САД

fed 3359993

Банката на федерални резерви очекувано не ги промени каматните стапки во САД, а потоа на седницата соопшти дека „внимателно го следи“ глобалниот економски и финансиски развој и влијанието врз пазарот на труд и инфлацијата во земјата, пренесе „Ројтерс“.

Одлуката на институцијата не е изненадување по стравувањата дека забавувањето на светската економија може да влијае и врз економскиот раст на САД, додава агенцијата. Очекувањата на ФЕД се за континуирано стабилизирање на пазарите на труд, а економијата на земјата да продолжи да расте.

По денешната седница „облозите“ дека Банката на федерални резерви ќе ја подигне стапката за време на следното заседание во март, веќе се намалуваат.

Во декември 2015-та година институцијата ја зголеми основната каматна стапка во САД – чекор, очекуван со месеци. Така ФЕД покажа дека економијата на земјата повторно почна да расте по кризата од 2007 – 2009 година, игнорирајќи го слабиот развој на Кина и Европа.

Очекувањата за ново зголемување на каматните стапки сепак може да се покажат како претерани, наведува „Market Watch“. Институцијата навести во декември, дека оваа година каматата може да биде зголемена за 1 процентен поен.

Економски вести од тогаш сепак не ги потврдуваат овие очекувања – стапката на раст во четвртиот квартал од минатата година, најверојатно ќе биде одложен до 1%, наспроти очекуваните 2%, а секторите „Трговија“, „Енергетика“ и „Производство“ се соочуваат со потешкотии, иако новите работни места не се намалуваат.

Прогнозата на ФЕД за инфлацијата е да остане под нивото од 2% во краток рок, под притисок на пониската цена на горивата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП