28 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИHuawei Honor 5X во Европа пристигнува на 4-ти февруари

Huawei Honor 5X во Европа пристигнува на 4-ти февруари

5x honor 33

Иако „Honor 5X“ беше наменет исклучиво за кинескиот пазар, компанијата одлучи да го лансира и на глобално ниво.

Како што е веќе познато, „Huawei Honor 5X“ во САД ќе пристигне кон крајот на февруари, но овој прифатлив телефон кој беше претставен во декември многу бргу ќе пристигне и на европскиот пазар.

„Huawei Honor 5X“ во Европа ќе пристигне на 4-ти февруари, но европската цена во овој момент се уште не е позната.

„Huawei Honor 5X“ доаѓа со 5.5-инчен екран со резолуција од 1920 x 1080 пиксели, како и „Android 5.1 Lollipop“ оперативниот систем. Уредот го користи „Snapdragon 615“ (осумјадрен процесор со четири „Cortex A53“ јадра на 1.5GHz и четири енергетски ефикасни „Cortex A53“ јадра на 1.2GHz).

Ќе бидат достапни две верзии на телефонот, со 2 GB и 3 GB RAM, a двете пристигнуваат со 16 GB интерна меморија и батерија со капацитет од 3000mAh. На задната страна на смартфонот се наоѓа камера од 13 мегапиксели, додека на предната е сместена камера од 5 мегапиксели.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП