КОМПАНИИ

Ericsson со раст на добивката од 70 отсто

ercssonn3

Шведскиот производител на опрема за мобилни мрежи Ericsson денеска извести дека нето добивката во четвртиот квартал е зголемена за речиси 70 отсто благодарение на поголемите приходи од лиценците и пониските трошоци во работењето.

Нето добивката која им се припишува на акционерите во четвртиот квартал од 2015 година зголемена е за 67 отсто, на 7,06 милијарди шведски круни (825,3 милиони долари).

Нето приходите во истиот квартал пораснале за осум отсто, на 73,57 милијарди круни.

Профитабилноста на шведскиот гигант во сегментот опрема за телеком компании зголемена е на годишно ниво пред се благодарение на поголемите приходи од лиценците и пониските оперативни трошоци, покажа деловниот извештај објавен во средата.

Од Ericsson се уверени дека до 2017 година ќе ги остварат зацртаните заштеди во работењето од девет милијарди шведски круни.