3 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗ„Чистокрвен“ спортист на Opel (фото)

„Чистокрвен“ спортист на Opel (фото)

opelit gt 00

„Значи во иднина вака ќе изгледаат спортските автомобили“, велат од „Opel“, откривајќи ги првите слики од моделот „GT“. Тој е концепт чија премиера ќе се одржи за малку повеќе од еден месец во Женева.

„GT Concept“ претставува „чистокрвен“ спортски модел кој се обложува на ефикасноста. Автомобилот е двосед, кој има позициониран мотор зад предната оска, секвенцијален менувач и заден пренос.

opelit gt 01

Тоj е директен потомок на „Opel GT“. Авангарден, но и вистински спортист кој напушта се што ја нарушува чистотата на формите, се вели во соопштението од компанијата.

opelit gt 02

Дизајнот на моделот е под силно влијание на долгорочниот концепт „Monza“. Интересен акцент се страничните врати, кои се поврзани со предните крила. Ова решение им овозможува на вратите да навлезат значително во предните лакови на тркалата, кога се отворени, што заштедува простор и е многу корисно при паркирање во тесни простори. Освен тоа страничните ретровизори на моделот се заменети со камери, а шофершајбната преминува во стаклен панорамски покрив, оставајќи чувство на автомобил од тип „тарга“.

opelit gt 03

Ако се прашувате зошто предните гуми се црвени, оваа одлука има за цел да потсети на мотоциклот „Opel Motoclub 500“ од 1928-ма година, кој исто така е авангарда за времето и е опремен со гуми во иста боја.

Најинтересен сепак е погонот на „Opel GT Concept“. Тој е доверен на 1.0-литарски мотор со три цилиндри и преполнување. Агрегатот е базиран на целосно алуминиумскиот мотор на „ADAM“, „Corsa“ и „Astra“, а кај „Opel GT“ е поставен да генерира 145 КС и 205 Нм.

opelit gt 04

Вртежниот момент се пренесува кон задната оска преку само-заклучувачки диференцијал и секвенцијален шестбрзински пренос, чие управување се случува преку шипки на воланот. Вкупната маса на моделот е под 1.000 килограми, што овозможува спринт од 0 до 100 км/ч за помалку од осум секунди, покажува официјалната информација. Максимална брзина достигнува 215 км/ч.

Сите детали за компактниот спортски автомобил ќе станат јасни во почетокот на март.

opelit gt 05

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП