20 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПриходите на AT&T за четвртиот квартал забележаа помал раст од очекуваниот

Приходите на AT&T за четвртиот квартал забележаа помал раст од очекуваниот

att 3

„AT&T“, вториот најголем провајдер на безжичен интернет во САД, објави дека приходите за четвртиот квартал порасна помалку од очекуваното поради помалиот број на нови корисници во однос на една година претходно. Тешкотиите на компанијата се поврзани и со силната конкуренција на пазарот, пренесува „Ројтерс“.

Веста ги намали акциите на компанијата за 2%.

„AT&T“ забележа 526 илјади нови клиенти на договор за овој период што е за 38,4% помалку во однос на истиот период од минатата година. За својата припејд услуга компанијата привлекла 469 илјади нови корисници.

Оперативните приходи на компанијата се зголеми за 22,3% до 42,12 милијарди долари, но не ја оправдуваат прогнозата на аналитичарите анкетирани од „Thomson Reuters“ за 42,75 милијарди долари.

Просечниот приход од корисник на договор падна за 2% во четвртиот квартал од минатата година.

„AT&T“ бара нови извори на приходи и презеде голем ризик со стекнување на компанијата за сателитска телевизија „DirecTV“, која ќе и помогне да ги засили своите пакети од мобилните, широкопојасните, телевизиските и фиксните телефонски услуги. Покрај тоа, компанијата го прошири својот бизнис во Мексико со последните аквизиции на третиот и четвртиот најголем снабдувач на безжичен интернет во земјата.

„AT&T“ соопшти дека привлекла 214 илјади корисници на „DirecTV“, а нејзината телевизиска услуга „U-Verse“ има уште 240 илјади претплатници.

Нето добивката на „AT&T“ достигнува 4,01 милијарди долари за периодот, или 65 центи по акција, во споредба со загубата од 4 милијарди долари, или 77 центи по акција.

Компанијата ги предвиде тримесечните резултати по втор пат, откако заврши преземањето на „DirecTV“ зa 48 милијарди долари, што ја направи најголемиот оператор на платена телевизија во светот.

За 2016-та година компанијата очекува капитални расходи во износ од 22 милијарди долари. Освен тоа групата предвидува двоцифрен раст на консолидираните приходи и приспособен профит.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП